Димовски: Реализација на дестина проекти во општина Зрновци

Носителот на листа во Изборната единица 3 од Коалицијата „За подобра Македонија“ Илија Димовски попладнево престојуваше во општина Зрновци каде се сретна со жителите на населените места Зрновци, Мородвис и Видовиште. Притоа низ директни средби со граѓаните ја изложи програмата на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи десетина проекти кои ќе бидат реализирани по изборите на 11 декември.
- Не го забораваме нашето село и жителите во него, посебно од руралните средини. За таа цел во општина Зрновци ќе реализираме проект за проширување на патната мрежа од Зрновци преку Мородвис до Видовиште од регионалниот патен правец Карбинци-Виница, промена на секундарната водоводна мрежа во Зрновци, изградба на кошаркарско игралиште во Зрновци, како и асфалтирање на два полски пата во Видовиште и Зрновци, истакна Димовски.
Ќе ги поддржиме, додаде, и развојот на малите бизниси, посебно оние на село со поголем број стимулативни мерки, а за развој и унапредување на земјоделството во овој крај ќе го ревитализираме левиот магистрален канал од Хидромелиоративниот систем Брегалница кој повеќе од десетина години делумно не е во функција поради оштетеност на потегот од Зрновци до Теранци.
Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков информираше за почетоците на изградбата на новата детска градинка која ќе располага со капацитет од 80 деца за населените места од општината, како и за почетоците на изградбата на новиот мост на река Брегалница, како една од основните сообраќајници за поврзување на општината со Кочани. Во наредните шест месеци, истакна Станков, освен алтернативниот пат кој ги изградивме стотина метри јужно од постојниот мост, жителите ќе можат да ги корсиат и алтернативните патни правци преку Виница и Теранци и Облешево.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
