-->
-->
Димовски со нова функција во РК Металург
-->
Поранешниот играч и капитен на Металург, Ванчо Димовски во иднина ќе ја обавува функцијата спортиски директор во клубот од Автокоманда. Димовски ќе има специфични задачи и ќе биде врската меѓу екипата и раководството на клубот.
“Подолго време разговарав со раководството на мојот поранешен клуб и најдовме доста заеднички допирни точки. Се надевам дека ќе бидам од полза со својата нова улога во клубот и дека тоа ќе резултира со поголеми успеси на Металург“, изјавил Димовски за клупската интернет страница.
“Димовски сега ќе пополни едно од клучните места кое традиционално го има спортскиот директор, а наскоро ќе имаме освежување и во тренерскиот состав, при што ќе ги ангажираме оние кои се докажани во работата со младите категории. Јас како претседател на клубот ги имам достигнато сите успеси овде со Димовски, како капитен и убеден сум дека повторно ќе имаме одлична соработка и ќе оствариме нови успеси“, рекол претседателот на Металург Левче Китевски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка