-->
-->
Динамо (З) го купува Аврамовски?!
-->
Хрватскиот шампион Динамо Загреб, наводно се интересирал за услугите за малдиот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски. Аврамовски од 2014 година е играч на Црвена ѕвезда, а минатата сезона ја мина како позајмен во тимот на ОФК Белоград.
Аврамовски (21) за српските медиуми открил дека наслушнал за интересот на Динамо, но дека нема намера да го напушта Белград.
„Знам дека од Динамо се заинтересирани за мене и дека го контактирале мојот менаџер, но јас сакам да се изборам за место во тимот на Црвена ѕвезда. Доколку во Црвена ѕвезда не сметаат на мене тогаш можам да размислам за нивната понуда“, изјавил Аврамовски за mondo.rs.
Според истиот извор, Динамо во Аврамовски гледа како на наследник на хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца, кој во овој преоден рок ќе го напушти „Максимир“.
Инаку, Динамо Загреб на 12.јули ќе му гостува на Вардар, во рамките на второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз