Династија во Србија: Српско село од милијарда долари

Селото Гомилица во Србија претставува едно од најбогатите села на Балканот, судејќи по изгледот и големината на куќите.
Скоро целото население од селото работи во странство, па започнале со вистински натпревар кој ќе направи поголема и поубава куќа.
Куќите претставуваат вистински дворци, на огромни површини со високи железни огради.
– Тука вложуваме за да ни биде убаво кога ќе дојдеме и да имаме каде да уживаме, вели Данијела Ѓорѓевиќ, која кажува дека во селото се задржуваат три пати по две недели.
Еден од жителите кажува дека на неговата куќа потрошил околу милион евра и кажува дека тој веќе живее тука, а неговите деца во куќата доаѓаат само по една недела годишно, кога се враќаат од море, пред да одат назад во Виена каде што работат.
Слободан Јовановиќ кажува дека иако има палата во Србија, додека работи во Виена живее во мал стан под кирија.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
