Македонија
8. May 2016 - 8:47

Дипломатски тениски турнир во Скопје

Дипломатски тениски турнир ќе се одржи денеска на терените на тенискиот клуб „Југ“ во Скопје по повод „Денот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија“ - 29 април и „Денот на Европа“ - 9 мај.

На турнирот е најавено учество на претставници од дипломатско-конзуларните претставништва и меѓународни организации во Македонија, како и вработени во МНР.

Турнирот го организира МНР во соработка со Тениската федерација на Македонија и ТК„Југ“ од Скопје.