Директна комуникација меѓу ГШ на Турција и на Русија

Началниците на генералштабовите на Турција и на Русија ќе воспостават директна линија за комуникација со цел да се избегне повторување на инциденти поврзани со Сирија, како соборувањето на рускиот воен авион на 24 ноември 2015 година, изјави денеска Ибрахим Калан, портпатол на турскиот претседател.
- Ние се договориме да бидеме во контакт со цел да се избегнат слични инциденти, посочи Калан.
Претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин вчера се сретнаа во Санкт Петербург со цел нормализација на билатералните односи, а разговараа и за ситуацијата во Сирија,
- Одлучивме да се воспостави механизам за размена на информации поврзани со Сирија. Не знам дали тоа е црвена или црна линија. Тоа е контакт за прашањата за Сирија, билатералните односи и регионалните прашања, како и за воздушниот простор, наведе Калан.
Ново на Сител
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
