Директорите на македонската и хрватската Царинска управа договорија унапредување на соработката во борбата против криминалот
Унапредување на соработката со Царинска управа на Република Хрватска сè со цел пожестока борба и сузбивање на организираниот прекуграничен криминал во регионот. Ова, како што информираат од Царинската уорава, е договорено помеѓу директорите на двете Царински управи, Бобан Николовски и Марио Демировиќ, на настан одржан во Центарот за напредни обуки при Царинската управа на Република Хрватска.
- Нашата безбедност се потпира на нашите способности за жестока борба со криминалот и сузбивање на нелегалната трговија. Притоа унапредување на соработката со Царинските управи во регионот е од исклучителна важност за зголемување на безбедноста, истакнал директорот Николовски.
На настанот организиран по повод работната посета на директорот Николовски е договорено одржување на обуки со експерти од Хрватска, при што од наша страна ќе бидат пренесени искуствата во примената на системот за видео надзор и препознавање на регистарските таблички. Воедно договорено е унапредување на соработката во делот на размената на информации за цели на истраги.
Николовски потенцирал дека унапредувањето на институционалните капацитети е клучно за поголема ефективност во наплатата на приходи и сузбивање на прекуграничниот организиран криминал. Притоа, како што рекол, Царинската управа работи и на зајакнување на К9 единицата со нови кучиња и обуки коишто ќе се вршат во континуитет.
Во рамки на настанот во Центарот за напредни обуки при Царинската управа на Република Хрватска, царинските службеници извршиле презентација на обуките што ги вршат во тамошниот центар со помош на опрема која служи како наставно помагало меѓу која и возила во кои е откриена разна криумчарена стока, од која најмногу наркотици. Воедно во тренинг центарот се наоѓа и К9 тренинг полигонот како и одгледувачница за идните службени кучиња.
Ново на Сител
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмнесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар
-
Маж се фрли од зграда во Аеродром | ФОТО
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
-
Приведен криминалец кој бил осуден на затворска казна од 11 години
-
Челси го комплетираше најскапиот трансфер во женскиот фудбал