Македонија
14. September 2015 - 11:17

Директорката за Западен Балкан од Форин Офисот во Македонија

Директорката за Западен Балкан и проширување во британското Министерство за надворешни работи и Комонвелт, Фиона Мекилвам денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија.
 
За време на нејзиниот престој, како што соопшти Британската амбасада, Мекилвам ќе се сретне со претставници од политичките партии и од граѓанскиот сектор. 

Посетата на Мекилвам е во рамки на редовната билатерална соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство.