Директорот на БЈБ, Савовски во посета на Валона
Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на Република Mакедонија, Горанче Савовски денеска во Валона, Република Албанија, ќе има билатерална средба со Хаки Чако, директор на албанската полиција.
Средбата, соопшти денеска МВР, ќе се реализира на покана на албанската страна и претставува продолжение на досегашните многубројни реализирани билатерални средби на сите нивоа помеѓу двете земји.
Унапредување и продлабочување на билатералната и оперативната меѓународна соработка на МВР на Македонија со МВР на Албанија, изразена, меѓу другото, преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и развивање на регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешно спроведување на имплементациските протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, но и заедничкото учество во регионалните иницијативи, ќе бидат во фокусот на разговорите на средбата. Ќе се разговара и за формирање заеднички истражни тимови, размена на информации за лица вклучени во организиран криминал, сознанија за врските помеѓу осомничените лица во врска со вршење кривични дела, посебно недозволена трговија со дрога и оружје, културно наследство, насилен криминал и криумчарење, методите и новите форми на прекуграничниот криминал, рутите на транспорт и сл.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека