Диригент направи заштитни маски кои ја подобруваат акустиката
Унгарскиот диригент и композитор Иван Фишер направи заштитни маски кои го подобруваат квалитетот на звукот и кои ќе им овозможат на посетителите на концертите за време на пандемијата да уживаат во подобра акустика.
Овие маски имаат две пластични чаши во форма на дланка. Чашите се прицврстени на конци што го држат платното на маската, дизајнирана да се завитка околу ушите на лицето што ја носи.
Изумот на диригентот на фестивалскиот оркестар во Будимпешта се чини дека е популарен меѓу посетителите на концертите, кои тврдат дека звукот на музиката е многу подобар кога се носи маска. На синоќешниот настап на овој оркестар можеа да се видат десетици посетители кои носат акустична маска.
Акустичните маски може да се нарачаат преку веб-страницата на фестивалскиот оркестар во Будимпешта по цена од околу 22 евра (8.000 форинти), а достапни се во црно-бела верзија.
Ново на Сител
-

Open AI го лансираше „Chatgpt за тинејџери“: Дали сега младите се побезбедни во дигиталниот свет?
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
