-->
-->
Дирк Новицки стана шестиот играч во НБА кој стигнал до 29.000 поени
-->
Најдобриот германски кошар Дирк Новицки уште еднаш влезе во историјата на светската кошарка, односно најдобрата светска лига НБА.
Новицки на синоќешниот натпревар на кој неговата екипа Далас славеше победа над Филаделфијапартиципираше со вкупно 18 постигнати поени, а некаде на половина од мечот постигнувајќи го својот 10-ти поени, тој стигна до бројката од вкупно 29.000 поени чостигнати во НБА кариерата.
Со тоа Германецот стана шестиот играч во изторијата на НБА кој стигна до таа бројка.
На 37-годишниот Новицки сега цел му е бројката над 30.000 поени и евентуално да го мине легендарниот Вилт Џемберлејн кој со вкупно 31.419 постигнати поени е на петото место на вечната листа. А, на неа лидер е Карим Абдул-Џабар со 38.387 пред, Карл Мелоун со 36.928, Коби Брајант кој досега има постигнато 33.290 и годинава со заврпувањето на сезоната најави пензионирање, и Мајкл Џордан кој кариерата ја заврши со 32.292 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети