Дисциплински постапки за вработени во Катастарот за неправилности при наплата
Секторот за контрола и надзор при Агенцијата за катастар на недвижности поведе соодветни дисциплински постапки против инволвираните вработени во утврдените неправилности при контрола на Одделението за шалтерско работење во Центарот за катастар на недвижности Скопје, соопшти денеска Катастарот.
По поднесените пријави до надлежните институции од Катастарот очекуваат натамошна постапка по предметот за неправилностите при наплата на парични средства за запишување промени во катастарот на недвижности и издавање катастарски податоци.
- Агенцијата за катастар на недвижности и понатаму цврсто и одлучно продолжува со борбата против корупцијата и несовесното работење и ги замолува сите граѓани ваквите случаи да ги пријавуваат на Инфо линијата на Агенцијата, истакнуваат од Катастарот.
Скопското Јавно обвинителство предложи мерки на претпазливост за 13 лица од Скопје, вработени во Агенцијата за катастар на недвижности, поради сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 од Кривичниот законик. Тие, според Катастарот, при поднесување пријави за запишување на промена во катастарот на недвижности, како и при поднесување барања за издавање податоци од катастарот од 2013 до 2016 година, се стекнале со противправна матријална корист во вкупен износ од 1.883.433,00 денари.
- При безготовинска наплата на надоместоците преку ПОС терминалите поставени на шалтерите на Агенцијата, кога граѓаните немале платежни картички или уплатници, вработените ги нуделе своите платежните картички за кои барале да им се даде паричен надомест во готовина. По добивањето на надоместот, плаќањето на трансакцијата и давањето на услугата, вработените ја злоупотебиле службената положба и овластување со што извршиле сторнирање на веќе извршената уплата, односно со оваа постапка паричните средства не легнале на сметката на Агенцијата за катастар на недвижности, се вели во соопштението од Катастарот.
Ново на Сител
-
Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете
-
Маск: УСАИД финансирал истражување за биолошко оружје, вклучително и Ковид-19
-
Санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Земјотрес од 4,9 степени во близина на Санторини-порака од 112 до жителите на островот
-
Сообраќајна несреќа на патот Виница - с.Смојмирово, 5 повредени и едно лице со тешки телесни повреди
-
Им давала на децата да пробаат електронска цигара, oсудителна пресуда против негувателка од Велес
-
Коцевски: Обвинителството ќе постапи професионално во случајот со Фросина Кулакова, делумно се во право граѓаните дека системот е виновен
-
Државниот инспекторат за животна средина лани спровел над 1535 инспекциски надзори, утврдени 300 неправилности