Дискусија: Училиштето е неподготвено да одговори на проблеми кои не се директно поврзани со образовниот систем, како што е менталното здравје

Вкупно 32,9 отсто од средношколците од Скопје биле пратени кај училишниот психолог поради недисциплинираност, а 15 отсто поради голем број изостаноци. Ова го покажа истражувањето „Перцепции за менталното здравје помеѓу средношколците во Скопје“, што Здружението на граѓани „Младите можат“ го спроведе оваа пролет.
Како што соопшти Здружението на граѓани „Младите можат“, овие податоци беа инспирација за панел дискусијата „Ќе те пратам кај психологот! – Казна, закана или поддршка“ што се одржа синоќа во МладиХаб во Скопје.
– Целта на овој настан беше да се поттикне дискусија за улогата на училишните психолози во негувањето на менталното здравје кај учениците, да се презентираат наодите од истражувањето за перцепциите на средношколците поврзани со менталното здравје, како и резултатите од програмата за врсничка едукација за менталното здравје, се вели во соопштението.
Гордана Блажевска Спиридонова, психолог во СУГС Гимназија „Никола Карев“- Скопје во своето излагање посочила дека последните три години сѐ повеќе средношколци прашуваат и бараат помош, сакаат да се грижат за нивното ментално здравје.
– Уште сме на почеток на пронаоѓаме во темава, училиштето е неподготвено да одговори на проблеми неповрзани директно со образовниот систем, како што е менталното здравје и дијаметрално различната перцепција на децата, возрасните и установите во врска со психолозите, истакна Блажевска Спиридонова.
Истражувањето „Перцепции за менталното здравје помеѓу средношколците во Скопје“, како и програмата за врсничка едукација за ментално здравје се дел од едногодишниот проект „You(th) can do it better!“ кој „Младите можат“ го имплементира во 2019 г. со поддршка од најголемата германска младинска фондација „Schuler Helfen Leben“. Панел дискусија е завршен настан на проектот, но менталното здравје на младите останува во фокус во работата на „Младите можат“ и наредната година.
Ново на Сител
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
