Македонија
31. March 2017 - 8:31

Дискусија за независноста на судството како гарант за правата на граѓаните

Независноста и непристрасноста на судиите како гарант на правата и слободите на граѓаните и улогата на Здруженијата на судиите во зајакнување и унапредување на независноста на судството, се темите на кои ќе се разговара на конференција што ќе се одржи денеска во Скопје.

Предвидено е поздравни обраќања да имаат Џемали Саити, претседател на Здружението на судиите, судија на Врховниот суд, потоа амбасадорката Нина Суомалаинен, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Чарлс Гарет, амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија.

Ова, како што појаснуваат од Здружението на судиите на Република Македонија е завршен настан од проект кој го реализирале во соработка со Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Британската амбасада и Институтот за правни истражувања и анализи.