Дислокација на камп со мигранти во Париз

Мигрантскиот камп кој неодамна повтроно беше поставен во северниот дел од Париз, утрово е дислоциран.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, ова е најголема ваква операција од вкупно 26-те, што беа спроведени од јуни 2015 година. Последната дислокација на камп со мигранти беше извршена на 29 минатиот месец.
Во денешната акција меѓу 1.500 и 2.000 лица, претежно мажи од Еритреја, Сомалија и Авганистан, беа дислоцирани и згрижени од страна на службите на префектурата на регионот Ил де Франс.
Тие живееја во огромен камп со стотици шатори, кој се наоѓаше на булеварот „Де Ла Вилет“, меѓу станиците на метрото „Жорес“ и „Полковник Фабијан“ во Париз.
Во дислокацијата, што почн околу 5 часот утрово, беа вклучени голем број припадници на полицијата и жандармеријата, а на местото присутвува и претставници на повеќе здруженија и на француската Канцеларија за имиграција и интеграција (OФИИ).
Акцијата почна мирно, но околу шест часот дојде до зголемување на тензиите, при што интервенираа силите на редот. Претставници на градското собрание на 10. пароски арондисман регираа поради поради тоа што полицијата користела „палки и солзавец за да го спречи движењето на толпата".
Мигрантите со 36 автобуси беа пренесани во прифатни центри на подрачјето на парискиот регион, но и во прифатичишта во други градови, пред се во Нанси.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
