Дизел горивата поскапуваат за половина денар

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 68, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 72, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 74 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,786 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,885 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек: за 2,433 отсто, кај дизелот за 4,757, кај екстра лесното масло за 3,829 и кај мазутот за 5,973 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,6498 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
