Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
Значително поевтинување на горивата од полноќ. Бензините ќе се точат за 4 денари помалку, а дизелот за 8 денари по литар. Новата цена на Еуросупер 95 октани ќе изнесува 87 денари , на 98-цата 89 и на дизелот 91,5. Одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика се должи на пониските цени на нафтата на светските берзи изминатата недела, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Сепак, очекувањата се дека по намалени цени ќе се вози само оваа недела. Берзанските цени на нафтата повторно растат, откако се зголеми неизвесноста за брзо постигнување договор меѓу САД и ИРАН., а со тоа и отворање на Ормутскиот тесенец. Техеран тврди дека не е во директни преговори со САД за заавршување на војната, додека Вашингтон го тврди спротивното.
Иран бара САД да исполнат повеќе услови, меѓу кои компензација за воените напади, укинување на санкциите и одмрзнување на иранските средства Неизвесноста , првиот работен ден неделава, ги зголеми и берзанските индекси и нафтените пазари.
-Пазарите сè уште внимателно го следат Блискиот Исток. Цените на нафтата остануваат клучно прашање за пазарот - од една страна поради загриженоста за економскиот раст, а од друга страна поради загриженоста за инфлацијата. Цените на нафтата се малку поцврсти утрово. Сепак, пазарите се релативно неимпресионирани. Тие сè уште чекаат да видат што ќе се случи додека не се појави големо решение. Сè додека не се случи ништо значајно во моментов, пазарите остануваат невознемирени и продолжуваат внимателно да го следат Блискиот Исток.“, изјави Том.
И покрај надежта на инвеститоторите дека договорот би можел да доведе до нормализирање на транспортот и постепен пад на цената на нафтата, нападите во регионот го зголемија ризикот за постигнување брз договор. Ако преговорите пропаднат – можно е да се очекува повторно да се вивнат цените на нафтата.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
