Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар

Максималната малопродажна цена на дизел горивото од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, а бензините поевтинуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 отсто.
Максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 95,5 денари за литар, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,5 денари и ќе се продаваат за 82, односно 84 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари за литар и ќе биде 96,5 денари.
Со одлуката на РКЕ за 2,084 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 49,227 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,703 отсто, кај дизелот за 3,251, кај екстра лесното масло за 3,96 и кај мазутот за 4,476 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7165 отсто.
-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.
Во најголем дел од бензинските станици во земјава дизел горивото се продава за три денари пониско од максималната цена што ја определува РКЕ, а бензините за два.
МИА
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
