Дизелот поскап за половина денар по литар
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58,50 денари. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 67, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 69 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,149 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 34,443 денари.
Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 1,243 отсто и кај дизелот за околу 2,111 отсто, како и за 0,524 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата