Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 отсто во споредба со претходната пресметка.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 75,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 65 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,079 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,529 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,705 отсто, кај дизелот за 3,798, кај екстра лесното масло за 3,483 и кај мазутот за 3,238 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9891 отсто.
Ново на Сител
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
-

Јаневска: Усвоивме дел од забелешките за Законот за високо образоваине
-

Македонија се приклучи на спортските игри за млади
-

Сиљановска го пречека Бегај
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
