Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за пет денари по литар

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 14,5 денари, а цената на бензините се зголемува за пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 81,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) се зголемува за 12,5 денари за литар и ќе изнесува 82,5 денари. Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари за килограм и ќе биде 42,586 денари
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 13,384 отсто, кај дизелот за 36,134, кај екстра лесното масло за 32,102 и кај мазутот за 27,87 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9444 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Онлајн радикализацијата како безбедносен проблем: Како се одвива екстремистичкото регрутирање
-

Стан во Аеродром за 166 500 евра, куќа во Центар 1,5 милиони евра - пазарот на недвижности во подем
-

Истрага за злоупотреба на боледувања се води и во МВР - за Тошковски виновни се лекарите
-

Спасен видот кај 16 пациенти со трнасплантација на рожница
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
