Дизелот поскапува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 84,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 82,5 денари за литар. Иста останува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС која изнесува 51,599 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажната цена на дизелот од РКЕ ја посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар кај дизелот во просек за 0,807 отсто, како и намалената кај бензинот за 0,086 отсто и за 0,065 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
-

Зголемен број на колапси поради топлото - дневно Брза помош има и по 10-тина вакви интервенции
-

ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
