Дневен центар за деца со пречки во развој во Валандово
Дневен центар за деца со пречки во развојот е отворен денеска во Валандово, во присуство на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Николчо Чурлиновски.
Капацитетот на дневниот центар е за 20 деца, а засега ќе го посетуваат 10 деца.
- Министерството за труд и социјална политика во соработка со Општина Валандово обезбеди средства во износ од 1.500.000 денари да го отвориме овој дневен центар. Отсега па натаму децата со пречки во развојот ќе имаат постојана грижа, ќе имаат можност да напредуваат и развијат своите способности. Ќе имаат поддршка од дефектолог и од стручните лица од Центарот за социјални работи од Валандово, поддршка за напредок и развивање за нивна социјализација и дружење во рамки на овој дневен центар, рече Спасов.
Целите на Министерството за труд и социјална политика, како што изјави Спасов, се постојано да се развива мрежата на Дневни центри за деца и лица со пречки во развојот се со цел во секоја општина во Република Македонија да се создадат еднакви можности за сите за згрижување на најранливата категорија на деца, децата со пречки во развојот.
- Би сакал да му честитам на градоначалникот за неговата поддршка и разбирање и општината да се вклучи со финансиски средства за опремување на објектот за со заедничка инвестиција на Министерството за труд и социјална политика и општината да го отвориме овој Дневен центар, истакна Спасов и посочи дека министерството и понатаму ќе продолжи со грижа за оваа категорија граѓани, со зголемување и подобрување на услугите кои ги нудат центрите за социјална работа така и со паричната помош за оваа категорија лица, рече Спасов.
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?