Македонија
10. December 2015 - 14:20

„Дневник“ распиша конкурс за наградата „Менде Петковски“

Редакцијата „Дневник“ го распиша конкурсот за доделување на годишната награда „Менде Петковски“ за најдобар дописник и за дописнички прилог во 2015 година.

Право да учествуваат имаат сите новинари-дописници во печатените и во електронските медиуми со прилози објавени во 2015 година во медиумите во Република Македонија.

Рокот за поднесување на предлозите, индивидуално или од редакција, е до 25 декември 2014 година. Текстовите објавени во печатен медиум треба да бидат доставени во два примерока, а прилозите од електронски медиуми во еден примерок, со кратка биографија на кандидатот.

Прилозите што не се објавени на македонски јазик треба да бидат доставени со превод на македонски. Приложените трудови не се враќаат. Пријавите треба да се достават на адреса: „Дневник“, ул. Васил Ѓоргов бр.16, Скопје, со назнака „За конкурсот“.