Свет
21. јуни 2017 - 22:48

ОН - До 2050 година во светот ќе живеат 9,8 милијарди луѓе

На Земјата моментно живеат 7,6 милијарди луѓе и таа цифра ќе биде зголемена на 9,8 милијарди до 2050 година и на 11,2 милијарди до 2100 година, се наведува во анализа на Обединетите нации.

Во анализа на Економскиот и социјален совет на ОН пишува дека светската популација ќе се зголемува секоја година за околу 83 милиони луѓе.

Според проекции, се очекува Индија да ја надмине Кина по број на жители до 2024 година. Во Индија сега живеат околу 1,3 милијарди луѓе, а во Кина 1,4 милијарди.

Од 10 држави со најголем број жители најбрзо се зголемува популацијата во Нигерија, соопштија ОН. Анализите упатуваат дека таа држава пред 2050 година ќе ги престигне САД и ќе биде трета држава по број на жители во светот зад Индија и Кина.