Loading Video...
Ракомет
20. February 2020 - 20:01

До крајот на мај разрешница во РК Вардар

Ракометарите на Вардар обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите но во фокусот на јавноста е финансиската состојба на европскиот првак кој има голема поддршка од фановите во обидот по четврти пат да заигра на завршниот фајнал фор во Келн.

Вардар е на пресвртница. Целта да се мине групната фаза од лигата на шампионите е остварена но паралелно со европските настапи клубот е во играчки егзодус.  Заминаа Кристопанс и Атман а и останатите се во неизвесност. Токму на 100 дена до одигрувањето на завршниот турнир во Келн пристигнуваат нови информации од црвено-црниот табор. Последната е дека  спонзорот на клубот Сергеј Самсоненко одржал состанок со играчите на кој е дадена гаранција дека играчите ќе бидат исплатени до крајот на месец мај.  Дека никој во клубот нема намера да се предаде пред продолжението од Лигата на шампионите најави и Чупиќ кој потврди дека имало разговори со спонзорот на клубот но дека работите се уште се нејасни.

Вардар со малку повеќе среќе околу противниците може лесно пак да скокне до Келн и да ја брани титулата.  ЕХФ објави дека влезниците на две кола од групната фаза се продадени. Останати се блоковите резервирани само за клубовите.  Еден за фановите на Вардар....зошто да не.....