До сабота облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи

Од денеска до сабота претпладне, подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација од Медитеранот. Ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во попладневните и ноќните часови, како и утре претпладне, особено во западните и јужните делови, соопшти УХМР.
На места врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Од овој влажен бран, на повеќе места се очекува да наврнат над 45 л/м2 воден талог. Утре кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува, така што в сабота врнежите ќе бидат слаби и локални.
Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе ќе биде изразен во северните делови.
Од недела се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
