До смрт претепано 9-годишно дете, уапсено цело негово семејство
Деветгодишно дете било претепано до смрт во градот Мулоз, Франција. За неговата смрт приведени се мајката, 20-годишната сестра, 19-годишниот брат и неговата бремена девојка.
Наводно, причината за тепањето, била што момчето не сакало да ја напише својата домашна работа.
Според податоците на обвинителството, сестрата и братот на 17 септември повикале брза помош, а во домот била и неговата мајка. Обидите за реанимација биле безуспешни. Иако семејството се обидело да ја сокрие вистината, а обдукцијата покажала дека токму повредите од тепањето се причина за смртта.
Според француските медиуми, братот бил тој кој го претепал момчето, откако мајка му му рекла да го истепа затоа што не ја напишал домашната задача. Во куќата биле присутни и сестрата и девојката на братот. На семејството ќе му се суди за убиство, соучество во убиство и прикривање.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци