До три метри снег во Хрватска – војската на терен
Војската на Хрватска веќе втор ден работи на расчистување на снегот во повеќе региони каде што висината на снегот на места достигна и до три метри. Сообраќајот се одвива отежнато во Лика, Горски Котар, на Приморјето и во централните и северозападните делови на Хрватска. Во Горски Котар висината на снежната покривка е рекордни три метри.
Жителите од Делнице се жалат дека приземните куќи се целосно затрупани со снег. Војската во тој дел од земјата работи без прекин од вчера.
Вечерва ги посети и министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ, кој порача дека 160 војници остануваат додека е потребно.
Во повеќе училишта денеска немаше настава.
Според метеоролозите ваквата состојба ќе биде уште полоша со најава за снежни врнежи и многу ниски температури.
На помош на војската во Суњ од вечерва им се приклучи и полицијата, кои ги пробиваат затрупаните патишта до куќите на постарите жители во општината.
Ново на Сител
-
Цените на становите растат, побарувачката опаѓа - Се очекува стабилизација
-
Преглед на вестите од светот
-
Во кочанско започна жетвата на „белото злато“
-
Преглед на вести од светот
-
Муртезани во Брисел го претстави планот со кој ќе ја враќаат довербата во правосудството
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“
-
Преглед на вестите од светот
-
Од денеска замрзнати маржи - Има ли промена на цените во маркетите?