Добитниците на лото се проколнати, еве ги нивните трагични судбини
Една низа на случајно одбрани броеви може тотално да го промени животот на секој. Луѓето кои ќе заработат огромна сума пари на лотарија обично во првиот момент се среќни и радосни, зошто иднината практично им е обезбедена. Меѓутоа со толку многу пари, доаѓаат и многу проблеми па се смета дека добитниците на лото се проколнати.
Прв на листата проклети е Мајкл Керол од Норфолк кој имал 19 години и полициско досие за ситен криминал кога во 2002 година на лотарија доби речиси 13 милиони евра. Печатот веднаш го нарече „лото копук“. Керол богатството го испотроши така што во 2010 година беше принуден да ја продаде куќата, и изјави дека сака да работи како чистач.
Уште полошо и се случи на брачната двојка Грифитс од Западен Јоркшир кој во 2005 година добија 2,4 милиони евра. Роџер работел како ИТ менаџер, А лара како наставник, но и давјцата дале отказ поради добивката. Парите не само им го уништија бракот, туку Роџер пред неколку години изјави дека на сметката му останале само 7 фунти, додека Лара била принудена да ја продаде колекцијата скапоцени женски ташни од познати модни дизајнери за да може да преживее.
Кејт Гордон од Велика Британија освоил дури 9 милиони евра и се сметало дека идниот живот му е обезбеден. Меѓутоа по неколку години стресен живот доживеал срцев удар и починал без скршена пара.
Има и од оние како Кели Роџерс од Воркингтон која се однесувала расипнички. Имено, таа со 16 година стана најмлада добитничка кога во 2003 година освои 2,5 милиони евра. Мајката на три деца сите пари ги потрошила на алкохол и дрога, и паднала во депресија па дури и се обидела да си го одземе животот. На крајот на контото имала само 2.000 фунти, но тоа не е пречело да изјави дека „конечно е вистински среќна“.
Големите количества пари предизвикуваат стрес со кој обичните луѓе не можат да се носат. Така Марија Лу Деврел од Нов Јужен Велс освоила на лоото добивка од 4,6 милиони евра и преку ноќ стана фрустрирана расипничка која во налет на бес својот клиент го убила со чекан.
Аврам Шекспир освоил 2006 година 37 милиони евра, и во своето богатство уживал неполни 4 години. 2010 година е пронајден мртов под бетонска плоча.
Ново на Сител
-
Тошковски: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица
-
Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави
-
Сара Пројковска која беше придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани
-
Меѓу загинатите е и гитаристот на ДНК: „Што сака нека биде“ беше песната кога започнал хоророт
-
Директорот на Центарот за култура Штип и клавијатурист на „ДНК“ меѓу починатите во Кочани
-
Почина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров, им подлегна на повредите здобиени во пожарот во Кочани
-
Андреј Ѓоргиески им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани
-
Психијатриската болница во Скопје отворена за сите кои чувствуваат потреба за помош по трагедијата во Кочани