-->
-->
Додека бегал од полиција фрлил автоматска пушка, уапсен 20 годишник од Гостивар
-->
Вчера во 23.50 часот кај место викано Здуњска крстосница, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 20-годишиот Л.Ј. од Гостивар.
Претходно, тој во неколку наврати не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а пред влезот на Гостивар од возилото „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми, која била пронајдена и одземена, извести МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 396 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер