Живот
20. November 2015 - 11:16

Додека кај нас се очекува снег - Погледнете во меѓувреме што се случува во Австралија на +40 степени

 

 
You Can't Fry An Egg On The Pavement In 40 Degree Heat

Yolk's on us.

Posted by HuffPost Australia on Thursday, November 19, 2015

 

Температурите во Сиднеј денеска надминаа 40 степени Целзиусови, при што најголемиот австралиски град го забележа тридневниот најтопол бран во последните 79 години, објави Метеоролошката агенција на Австралија. 

Во Сиднеј во попладневните часови биле измерени 42,8 степени Целзиусовим а во некои градови во внатрешноста на земјата живата во термометрите се искачиле и до 44-от степен.

Поради високите температури во земјата е прогласена зголемена опасност од пожари. 

Владата на Нов Јужен Велс предупреди дека во иднина вакви топлотни удари можат да бидат почести и да траат подолго.

До 2030 година бројот на „пеколни“ денови би можел да порасне за 10, а до 2070 година и за 33.