-->
-->
Додека Обама држеше говор во чест на новите пилоти се сруши американски авион!
-->

Авион на акробатските трупи на американската војска - Thunderbirds, се сруши во текот на вчерашниот ден за време на промоцијата на кадетие на Академијата на воздушните сили на САД.
Ловецот се срушил после неговиот лет над академијата на военото воздухопловство на Соединетите Американски Држави во сојузната држава Колорадо, за време на свечената церемонија за доделување на дипломи на која што лично учествувал претседателот на САД, Барак Обама.
Имено, американскиот претседател Обама држел говор пред насобраните кадети од академијата, а потоа се случила несреќата и паднал авионот од типот Ф-16.
Според првичните информации кои што ги пренесе телевизијата "9 News", пилотот на ловецот од типот Ф-16 успеал навремено да се катапултира и поминал без повреди.
„Пилотот се катапултирал јужно од аеродромот Колорадо Спрингс. Засега нема податоци поради кои причини се срушил авионот“, објавла американската телевизија, пренесува новинската агенција "AFP".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
