Доделена еднократна парична помош за новороденчиња во Ѓорче Петров

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска додели пет решенија за доделување еднократна парична помош во износ од 5000 денари за новороденчиња на територијата на општината.
Во соопштението на општината се наведува дека еднократната парична помош за новороденчиња се доделува за прв пат на територијата на Ѓорче Петров.
Градоначалникот Митровски во своето излагање истакна дека оваа одлука е добредојдена за младите родители и сите млади семејства.
- Решенија се доделени на пет семејства чии деца се родени во тековната 2016 година. Оваа одлука ја донесе Советот на општината во месец декември и истата стапи во сила од први јануари 2016 година. Со оваа одлука секое семејство кое ќе добие принова, а се жители на општината Ѓорче Петров ќе добива еднократна парична помош, рече Митровски.
Родителите се заблагодарија за подароците и еднократната парична помош и им порачаа на младите брачни парови дека сите треба да го почуствуваат денешниот убав миг, како и дека и сите други млади родители ќе го доживеат тоа искуство што поскоро.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
