Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Награди од ЕУ за истражувачко новинарство за 2015 година беа доделени денеска во ЕУ Инфо центарот.
Првонаградениот на конкурсот „Награда од ЕУ за истражувачко новинарство за 2015 година“ е новинарот Борис Георгиевски за серијалот текстови на тема „Досие Телеком“, објавени на интернет страницата „Призма“. Втората награда им беше доделена на група новинари на БИРН Македонија за истражувачка сторија на тема „Скопје 2014 под лупа“.
Годинава првпат беше доделена и награда за најдобра истражувачка сторија од млад новинар, која и беше доделена на Билјана Николовска за серијалот ТВ-прилози на тема „Од невработени до затвореници: како системот осуди, па амнестираше 15 илјади здравствени осигуреници“ објавени на ТВ Телма.
Добитниците на наградите денеска во ЕУ Инфо центарот ги соопшти претседавачот на жири комисијата Љупчо Поповски, кој рече дека победничката сторија е наградена со 4.000 евра, додека наградата за второ место и за најдобрата истражувачка сторија од млад новинар изнесуваат по 3.000 евра.
Генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон истакна дека доделувањето на наградата доаѓа во клучен момент за земјата. Посочи дека има итна потреба за промени во медиумската сфера кои постојано ги споменуваат.
- Наградата во сите земји од Западен Балкан и Турција се фокусира на злоупотреба на моќ и фундаментални права, корупција и организиран криминал. Истражувачкото новинарство е за отчетност. Работата на новинарите е да обелоденуваат злоупотреба на моќ на кое било ниво во општеството, нивната работа е клучна ги информираат граѓаните и прават политичарите да бидат поодговорни за своите дејства. Тие претставуваат фундамент за демократијата, рече Даниелсон.
Додаде дека наградата има за цел и да се промовира млада генерација на истражувачки новинари и е јасен сигнал дека ЕУ и Европската комисија ќе продолжат со своите напори во заштитата и зајакнувањето на слободата на медиумите ширум Европа.
На конкурсот „Награда од ЕУ за истражувачко новинарство за 2015 година“, објавен од 10 до 30 март, се пријавиле 32 автори со 29 стории објавени во печатените, електронските и интернет медиумите.
Ново на Сител
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
-

Во Струмица откриено спомен обележје за Ѓоко Ѓоргиев и жртвите од пожарот во Кочани
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
