Доделени наградите на СОКОМ за 2015 година

Наградата „Панче Пешев“, највисоко професионално признание кое го доделува Сојузот на композитори на Македонија - СОКОМ за 2015 година се доделува на композиторот Стојан Стојков за оперското дело „Змеова невеста“.
Делото е по либрето на авторот, на текст на Димитар Молеров, изведено на 7 февруари 2015 година со солистите и ансамблите на Македонската опера и балет под диригентство на маестро Саша Николовски - Ѓумар.
Од СОКОМ соопштија дека наградата се доделува на музички творци и музички писатели со цел да се истакнат најзначајните музички достигнувања во областа на музичкото творештво и музикологијата во текот на една година.
Наградата „Георги Божиков“ која Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година, за 2015 година се доделува на диригентот Бисера Чадловска за континуирана изведба на дела од македонски композитори во 2015 година.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на завршиот концерт на „Денови на македонска музика“ со Македонската филхармонија, на 14 април во концертната сала на Дом на АРМ.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
