Доделени сертификати на 37 згрижувачки семејства
Околу 200 лица се вклучија во кампањата „На секое дете му треба семејство“, а 40 од нив се одлучија да учествуваат на обуки за згрижувачи на деца. Ова го изјави Јулијана Гапо, Национален директор на СОС Детско село, денеска на завршниот настан во рамки на проектот „На секое дете му треба семејство“, во Скопје каде што беа доделени сертификати на 37 згрижувачки семејства.
– Со оваа кампања помогнавме да се подигне свеста за згрижувањето, да се зголеми бројот на згрижувачи, бидејќи процесот на деинституционализација во нашата земја веќе е почнат, а тоа значи дека децата од институции треба да излезат и да бидат сместени во форми кои се базирани на семејна грижа, посочи Гапо.
Од Фондот за деца при обединети нации (УНИЦЕФ) велат дека обуките ширум светот, се спроведуваат врз основа на меѓународни стандарди, секаде каде што функционира системот за детска заштита.
– На овие обуки, згрижувачите учат како да се грижат, како да им покажуваат љубов на децата и се што треба да обезбеди еден родител во домашна средина, појаснуваат од УНИЦЕФ.
Директорот на Центарот за социјални грижи во Прилеп и потенцијален згрижувач, Живко Силјаноски вели дека во Центарот, секој ден работат со категорија на лица кои се социјално ранливи.
– Заедно со моето семејство сакаме да згрижиме и се надеваме дека ќе добиеме дете соодветно на нашите прилики и состојби во семејството и ќе биде задоволена потребата тоа да биде вдомено, рече Силјаноски.
Проектот беше имплементиран од СОС Детско село Македонија, УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика. Кампањата „На секое дете му треба семејство“ започна на 1 јуни годинава.
Ново на Сител
-

САД создаваат 12 милијарди долари залихи во руда - Македонија не ги искористува ресурсите
-

Државата размислува за изградба на државен дата-центар, но ниту една компанија не пројавила интерес за инвестиција
-

Началникот на германскиот Генералштаб, генерал Бројер во посета на АРМ
-

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
-

Штип добива прв центар за рехабилитација во истокот
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица

