-->
-->
Додик: И да биде забранет, референдумот ќе се одржи
-->

Претседателот на Република Српска Милорад Додик не исклучува можност за забрана за одржување на референдум за Денот на Републиката во РС, но порача дека тој сепак ќе биде одржан.
– Постои можност за забрана на референдумот или привремени мерки, но ние ќе го спроведеме референдумот. Тој е законски и заснован на нашето право, изјави Додик на прес конференција.
Тој додаде дека најавениот референдум за 25 септември не е референдум што се занимава со сецесија или територијален интегритет.
– Ова е спроведување на одлука на Уставен суд да го прашаме народот што мисли за таа одлука. Србија и нејзиното раководство не не поддржуваат, но и не го оспоруваат референдумот, изјави Додик на прес конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
