Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
Српскиот лидер во БиХ, Милорад Додик, синоќа изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот врз Бошњаците во војната, но повторно негираше дека таму се случил геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи расправата во Обединетите нации и се очекува гласањето за Резолуцијата за осудата на геноцидот во овој град во летото 1995 година, јпренесе Хина.
Резолуцијата е поддржана од околу 20 земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување.
Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница, каде што беше извршено најголемото воено злосторство на европско тло по Втората светска војна.
Водечките српски функционери од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
-Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН, бидејќи се што е напишано во неа е лага.
Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна, а другата како победнички, рече Додик.
Меѓутоа, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница. -Доколку ни се укаже можност на 2 мај, венците ќе ги однесеме во Поточаре ако тоа не навреди никого.
Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ кој дојде да им оддаде почит на жртвите, да изрази сочувство и доби камен во глава и никој за тоа не одговораше, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница, сепак, нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Меѓународниот трибунал за воени злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија донесе осум пресуди против водечките српски политички и воени функционери во кои масакрот на повеќе од 8.
000 бошњачки мажи и млади во летото 1995 година во областа на Сребреница и Жепа го нарече геноцид.
Ново на Сител
-
Граѓаните можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа
-
МВР: Од 8 до 19 часот денеска може да се подигнат лични документи
-
Изборниот ден неработен за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување