Додик: Република Српска е држава и во неа ќе има нови референдуми

Вчерашниот референдум во Република Српска, на кој 99,8 проценти од гласачите го поддржаа 9 јануари како Ден на Република Српска, е централна тема во денешниот српски печат.
- Денеска напишавме уште една страница од нашата славна историја и кажавме дека сме народ кој се бори за слобода, за своето право, правото што го извојувавме и кое никого не навредува, изјави синоќа пред своите приврзаници во Пале, крај Сараево, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој овој дел од Босна и Херцеговина го нарече „држава“, пишува белградскиот весник „Блиц“.
Согласно Дејтнсккиот мировен договор,со кој заврши војната во Босна и Херцеговина во 1995 година, Босна и Херцеговина е составена од два административни дела - хрватско-муслиманската Федерација БиХ и Република Српска.
Додик изјави дека Република Српска е создадена како „последица на распадот на Југославија“ и дека слободата на српскиот народ е „гарантирана само тогаш кога тој имал држава“.
- Затоа републиката како држава е важна. Република Српска е држава. На училиште учев дека има три основни критериуми, според кои нешто може да се нарече држава, а тоа се: територија, ефективна власт и народ, кој ја сака таа држава. Што и недостига на Република Српска? Ништо, изјави Додик, цитиран од „Блиц“.
„Вечерње новости“ го потенцира одговорот „да“ на Додик на прашањето дали ќе има референдуми за судот и обвинителството.
- На Бакир Изтебеговиќ му беше даден најдобриот одговор. Би било пригодно тој денеска да молчи, но тој веќе почна да крева врева, рече уште Додик.
Изетбеговиќ синоќа изјави дека референдумот е израз на инаетот на Милорад Додик, кого го очекува судбината на Садам Хусеин, Моамер Гадафи и Слободан Милошевиќ, пишува „Новости“.
Изетбеговиќ смета дека ќе следи реакција од меѓународната заедница.
- Видивме како предизвикуваат Хусеин, Гадафи и Милошевиќ и што им се случи, рече тој.
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 26 пожари на отворен простор, пет се активни, шест се под контрола, а 15 се изгаснати
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
