Дојава за бомба го прекина црногорското кошаркарско финале

Решавачкиот петти натпревар во финалето на плејофот на кошаркарското првенство на Црна Гора е прекинат поради дојава за поставена бомба во салата „Морача“ во Подгорица.
Како што пренесуваат црногорските медиуми, мајсторката меѓу Будуќност и Морнар е прекинат по истекот на десеттата минута при резултат 24:14, откако официјалниот спикер побарал од публиката да ја напушти салата од безбедносни причини.
Црногорската полицијата го расветлува случајот и веројатно ќе објави подетални информации за дојавата.
Инаку четвртиот натпревар од серијата донесе голема напнатост на прес конференцијата, кога тренерот на Морнар, Павиќевиќ, изјавил дека противничкиот капитен Суад Шеховиќ го удрил, но дека тоа ќе го реши лично со него.
Последните најави се дека дуелот ќе биде одигран вечерва од 20:30 часот, по што ќе биде познат и новиот црногорски шампион.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
