Македонија
3. February 2023 - 12:41

Дојави за бомби во 8 средни училишта

Дојави за бомби во 8 средни училишта во Скопје.

- Денеска околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа, информираат од МВР.

Како што информираат од министерството, веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.