Македонија
30. December 2022 - 18:37

Дојави за бомби во 8 училишта во Скопје

Од МВР за Сител информираат дека дојави за бомби се пристигнати на електронските адреси на 8 училишта во Скопје. 

-Дo сега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР за Сител.