Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград
Неколку основни училишта во Белград утринава добиле информација дека во нив се поставени бомби.
За „Блиц“ е потврдено дека на адресата на ОУ „Дринка Павловиќ“ пристигнала дојава за бомба, а родителите биле известени да не ги носат децата во прва смена. Ова училиште изминативе денови беше во центарот на вниманието поради оставката на директорката поради насилство во училиштето.
Покрај ова училиште, дојави за поставување бомби добиле и основното училиште „Васа Пелагиќ“ во Котеж, „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац, „Старина Новак“ во улицата Кнез Данилова во строгиот центар на Белград, јавуваат белградските медиуми.
Како што е потврдено за „Блиц“, пријавата стигнала и во училиштето „Вук Караџиќ“, а децата од тоа училиште се враќаат дома, како во училиштето „20. Октобар“ во Нов Белград.
Исто така, во општина Обреновац утрово во 5 часот и 15 минути на електронските адреси на неколку основни училишта во Обреновац биле испратени анонимни пријави за експлозивни направи.
Заради безбедност на учениците и вработените, во училиштето никој не влегол додека не завршила полициската проверка.
Ново на Сител
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај
-
Туск: Русија планирала „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји
-
Јапонија ќе обезбеди два милиони долари помош за Калифорнија за ублажување на последиците од пожарите
-
Анчелоти презема драстични мерки за да избегне дополнително понижување од Барселона
-
Дванаесет Холанѓани се заразиле со хепатитис од боровинки, се стравува дека бројката е многу поголема
-
Мета ќе отпушти пет отсто од вработените, Цукерберг очекува „интензивна година“
-
Папа Франциск: Злоупотребата на децата е ужасно злосторство, неопходно е да се покаже солидарност со малтретираните
-
Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија