Дојче бундесбанк: Германците дома чуваат уште 12,46 милијарди марки
Осумнаесет години по воведувањето на еврото, германските граѓани се уште ја зачувуваат старата германска валута, марки, во вредност од 12,46 милијарди марки (6,37 милијарди евра), објави Централната банка на Германија.
„Од 12,46 милијарди марки што се уште не ги разменија граѓаните во евра, 5,83 милијарди одат на банкноти и 6,63 милијарди на монети“, објави Дојче Бундесбанк.
Најмногу има од банкнотите во апоени од 100, 500 и 1.000 германски марки.
Граѓаните се уште разменуваат германски марки во вредност од 35 до 45 милиони евра годишно.
Но, најголемата количина германски марки беше повлечена веднаш по воведувањето на еврото во почетокот на 2002 година.
За разлика од другите земји што воведоа еврото, во Германија не постои временски рок за старата валута да се конвертира во евро. Девизниот курс е се уште непроменет: едно евро вреди 1.955583 ДМ.
Ново на Сител
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР