Дојран бележи двојно поуспешна туристичка сезона од лани
Сумираните резултати од годинашнава туристичка сезона во Дојран, за разлика од лани кога поради пандемијата границите беа затворени, покажаа оти дојранчани реализира двојно поуспешна туристичка сезона.
Од општинското туристичко биро велат дека споредено со резултатите од 2020 година, кога биле регистрирани над 35.000 гости со остварени околу 150.000 ноќевања, годинава се регистрирани над 72.000 гости кои оствариле 300.000 ноќевања или двојно повеќе.
– Најмногу ноќевања се остварени во втората половина на јули и во текот на месец август, кој отсекогаш е туристички шпиц во Дојран. Голем придонес во остварениот резултат имаат и транзит гостите, претежно од Србија, кои на заминување или враќање од Грција, задолжително остануваа по два до три дена и кај нас, велат од туристичкото биро.
Покрај задоволството од постигнатите резултати, во Општината било констатирано дека туристичката понуда во Дојран мора континуирано да се подобрува со отворање нови плажи или пак проширување и доуредување на постоечките плажи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот