Доколку сте сингл, веројатно не сте го прочитале ова
Веројатно сте пораснале, гледајќи филмови и слушајќи совети за љубовта, но новото време носи и нови љубовни правила.
Доколку сте сингл, еве што е корисно да знаете.
Тој ве вика на состанок вие плаќате?
Традицијата вели дека на првиот состанок плаќа мажот, но во денешно време тоа не е неопходно. Едно истражување на веб-страната Match.com покажува дека 41 отсто од жените се спремни да ја платат сметката на првиот состанок, под услов мажот да ги поканил на тој состанок.
Потребни се само 15 минути
Кога е во прашање хемијата, истражувањата покажуваат дека се доволни 15 минути за да дознаете дали меѓусебно се привлекувате. Истото важи и за мажите и за жените, а првиот впечаток е сосема доволен за да одлучите дали ќе имате втор состанок.
Искреноста е навистина најдобар рецепт
Доколку сте на состанок со маж кој не ви се допаѓа, кажете му дека не сте заинтересирани – истражувањата покажуваат дека 52 отсто од мажите ги почитуваат дамите кои искрено ќе им кажат дека не се заинтересирани, отколку дами кои ги одолговлекуваат средбите.
Не „одете до крај“
Тука уште важат старите правила кога е во прашање сексот, повеќето мажи велат дека ја губат почитта кон жената која на првиот состанок оди до крај. Минимумот од три состаноци е некој вид на стандард до кој треба да се држите, а доколку сте сериозни во поглед на врската, не е лошо да почекате малку повеќе.
Ново на Сител
-
Кражба во црква во Штип
-
Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза
-
Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан
-
ФФМ избра нов претседател
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи