Докторот немал сили да прогласи смрт кај детето (5) кое се удави: По цели два часа без отчукување на срце се случи чудо

Дека чуда сепак се можни докажа 5-годишното дете од Кина кое оживеа речиси по два часа откако престана да му чука срцето.
Детето Лин Лин наводно само играло кога се лизнало и паднало во езеро за риби на југот од Кина. Јанг Ју (53) кој во овој дела на земјата бил со семејството на одмор, ги забележал панталоните на детето како плутаат по површината на езерото.
Повикал помош и скокнал во вода кога го здогледал детето како плута со лицето свртено кон водата, само неколку метри од него. Иако итната помош веднаш го префрлила 5-годишникот во болница, докторот констатирал дека детето, за жал, не дише.

Наредните 40 минути се обидувале да го оживеат. Кога се подготвувале да констатираат смрт, мајката на детето и дедото ги молеле лекарите да продолжат со реанимацијата.
„Немав срце да прогласам смрт“, рече докторот Ван Бо.

Продолжија со обидите за оживување, а потоа го приклучиле детето на апарати. меѓутоа по 110 минути, по некое детето почнало самомостојно да дише.
Доктор Ван будењето на детето го нарекол вистинско чудо, и рекол дека никогаш не видел пациент да дојде на свест после толку време без отчукување на срцето.
Детето потоа е преместено во друга болница поради натамошен третман, и уште некое време ќе продолжи да зема кислород поради можно оштетување на мозокот предизвикано во текот на 110-те минути без отчукување на срцето.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
