Документарен филм и врачување на наградата „Даница Ручигај“
На поетесата Љерка Тот Наумова денеска ќе и биде врачена наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација.
Наградата на Тот Наумова и е доделена за стихозбирката „Зародиш на повикување“, објавена во издание на „Бата прес“ од Скопје, со поговори на Михаил Ренџов и Марина Мијаковска.
Селекторот за доделување на наградата „Даница Ручигај“, Мишел Павловски, во образложението на одлуката, меѓу другото, пишува: „Книгата на Љерка Тот Наумова е лирски копнеж кој е засилен од креативноста на авторката. Преплетувањето на интимното со трагичното, сонот со радоста, ја прави стихозбирката „Зародиш на повикување“ книга која поезијата ја доближува кон читателот. Поезијата на Љерка Тот Наумова, е молк и истовремено крик, зародиш на повикувањето молкот да проговори“.
Љерка Тот Наумова е автор на 14 стихозбирки пишувани на македонски и на хрватски јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Друштвото на хрватските писатели. Нејзиното творештво е застапено во повеќе панорамски и антологиски претставувања на современата македонска поезија.
Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај (1934-1963).
Покрај врачувањето на признанието, во ДПМ ќе биде прикажан и документарен филм за Даница Ручигај, насловен „Соновите не заспиваат“. Филмот е во продукција на Македонската радиотелевизија. Автор е Катица Трајковска-Абјаниќ, а режисер Мишо Рогановиќ.
Во филмот зборуваат десетина писатели, професори, книжевни критичари и современици на Ручигај кои лично ја познавале. Поетесата загинала на 29 години во скопскиот земјотрес на 26 јули 1963. Ручигај е авторка на стихозбирките „Заробеници на ветрот“ и „Сребрени ноќни игри“ која е објавена постхумно.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ постави рекорд по процент на освоени натпревари на Мастерс турнирите
-
Недоволниот сон во бременоста влијае врз невро-развојот кај детето
-
Во Дубровник силни безбедносни мерки поради пристигнувањето на Зеленски
-
Северна Кореја ќе ги прекине сите патни и железнички врски со Јужна Кореја
-
„Балансерот“ денеска на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука
-
Власта ќе ги чека изборите во Бугарија за да изнесе нови предлози како да се продолжат преговорите со ЕУ
-
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија
-
Ураганот „Милтон“ се движи кон Флорида, во тек е масововна евакуација