Домашните компании ќе се поврзуваат со странските инвестиции преку проект од ИФЦ

Проект преку кој домашните компании ќе се поврзуваат со странските инвеститори во ТИРЗ, е договорен со Меѓународната финансика корпорација (ИФЦ) за време на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.
Министерот за финансии Драган Тевдовски за МИА истакна дека ИФЦ дале согласност да го поддржат овој проект, што ќе донесе многукратни придобивки за домашните компании. Преку поврзување со странските компании, домашните фирми добиваат работа, можност за пласман на нови пазари, како и пренесување know-how.
За време на Пролетните средби, министерот за финансии посочи дека било зборувано за голем број проекти со меѓународните финансиски институции, како Светска банка, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и ИФЦ.
Наскоро Светска банка треба да ја одобри Рамката за соработка со Република Северна Македонија што ќе поддржи проекти во вредност од околу 420 милиони долари. Проектите се фокусираат на три области: подобрување на околината за конкурентен приватен сектор, зголемување на вештините и можностите кај најранливите, како и одржлив раст. Во рамки на овие проекти спаѓаат и некои инфраструктурни проекти што се најавени и веќе е започната постапка. Тука е Проектот за олеснување на трговија и транспорт на Западен Балкан, за кој законот е веќе подготвен и е во собраниска процедура. Исто така, тука е Проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта од 70 милиони евра. Од друга страна, во рамката има и повеќе проекти што се однесуваат на развој на човечкиот капитал, како проекти за модернизација на примарното образование и пензискиот систем, како и проекти од здравството.
Тевдовски најави и дека следната недела ќе бидат префрлени средства од евтините кредити на ЕИБ за малите и средни претпријатија.
Ново на Сител
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
